Македонскиот вицешампион Вардар ја загуби драмата во Шведска и со гол во последните секунди загуби од Кристијанштад со 32-31. На „црвено-црните“ не им помогна ниту блескавата партија на летното засилување меѓу стативите – Милош Валах. Полскиот голман го одигра најдобриот натпревар во дресот на Вардар, а ЕХФ издвои една негова интервенција и ја смести меѓу најатрактивните на колото во Европската лига. Поточно на второто место. Валах средбата со ...
Голманот на Еурофарм Пелистер и прв чувар на мрежата на македонската репрезентација, Никола Митревски, сосема заслужено се најде во изборот за најдобри одбрани во седмото коло од ракометната Лига на шампиони. Популарниот „Никуч“ се најде на високото второ место со бравурозната одбрана на натпреварот против Пик Сегед, кога на маестрален начин спречи реализација при една брза контра на гостинскиот тим. Неговите успешни интервенции беа само дел од ...

