Синдикатот на УПОЗ денеска ќе одржи получасовен протест, на кој околу 4.000 вработени ќе излезат пред зградите на нивните институции со барање да добијат 30% додаток на плата. Синдикатот најави дека ќе ги каже деталите на прес конференција. Потврда дека ќе протестира синдикатот на УПОЗ добил од вработени во Државниот архив, Заводот за статистика, но и од Министерството за животна средина, за култура, за образование, за локална самоуправа, од ...
Протестите, како што изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, ќе продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии. „Почнуваме денеска бидејќи се одржува седница на Владата и апелираме на денешната владина седница да се стави точка на дневен ред, со што ќе се изнајде начин да се обезбедат средства од буџетот за решавање на овој долгогодишен проблем на ...
Вработените од шест министерства и од Државниот завод за статистика започнаа со предупредувачки протести коишто ќе траат секој ден пред институциите од 11 до 11.30 часот. Во петок протестот се сели пред Министерството за финансии, каде што во периодот од 11 до 12 часот, администрацијата ќе го изрази своето незадоволство од непотпишувањето на колективните договори, со коишто вработените ќе треба да добијат 30 проценти додаток на плата. Во ...
Вработените во државната администрација од денеска секој ден ќе протестираат по половина час пред работните места. Велат дека протестите ќе траат додека владата не го исполни нивното барање за 30 отсто повисока плата. Бараат Владата на денешната седница да стави на дневен ред точка за зголемување на платите. „Во изминатиот период остваривме средби со речиси сите министри и подготвивме предлог-колективни договори кои беа поднесени во ...