Може да пропадне иницијативата на Европскиот фронт за формирање на специјална собраниска комисија која ќе го истражи, како што рекоа, селективниот и едностран пристап на правосудниот систем по трагедијата во Кочани, кој, според нив, е контролиран од власта. На Европскиот фронт му недостигаат уште два потписи од дваесет колку што се потребни за формирање на таква комисија. Во оваа комисија се очекуваше да учествуваат претставници на ОБСЕ, ...
Системот заборава, ние не!“ – под овој слоган, иницијативата „Кој е следен?“ најави уште еден протест што ќе се одржи денеска со почеток во 18:00 часот пред Владата. Од таму, предвиден е марш преку Судскиот совет и Собранието до Кривичниот суд. Од таму додаваат дека два месеца граѓаните бараат промена, „но ништо не се менува“. „По четири протести, несреќите се зголемија. По три форуми, неправдата порасна. По одржаното Народно Собрание, ...