Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја продолжи одличната серија на настапи во Куршумлијска Бања, турнир на кој по денешната победа над Далила Јакуповиќ обезбеди место во полуфиналето. Лина во претходните две рунди оствари две победи од 2-0 од кои едната беше над првата носителка Пана Удварди, резултат со кој пак попладнево настрада и Јакуповиќ. На Ѓорческа и беа потребни 1 час и 20 минути за да се справи со Далила со 6:4 и 6:3. ...

Лина Ѓорческа играше три сета во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања, но не успеа да избори ново финале во својата кариера. Македонската тенисерка имаше одличен настап на силниот турнир со награден фонд од 60.000 долари, но денеска е запрена од српската ривалка Лола Радивојевиќ со резултат 2:1. Радивојевиќ го доби првиот сет во тај-брејк, Ѓорческа возврати со 6:3 и најави дека е подготвена за пресврт, но сепак немаше сили за третиот ...

Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на ИТФ W75 турнирот кој се игра во Куршумлиска Бања, Србија. Најдобрата македонска тенисерка се пласираше во полуфиналето откако ја совлада Далила Јакуповиќ со 2-0, по сетови 6-4 и 6-3. Ѓорческа ја заврши работата за само 80 минути активна игра, а во полуфиналето противничка ќе ѝ биде Лола Радивојевиќ од Србија, која без борба влезе меѓу четирите најдобри, откако сонародничката Нина Стојановиќ го ...