Јаник Синер рано утрово го играше својот меч од второто коло во Пекинг, а додека тој се соочуваше со потешкотии на теренот, во јавноста главна вест стана соопштението од ВАДА. Светската антидопинг агенција објави дека поднела жалба за одлуката за италијанскиот тенисер и побара двегодишна суспензија поради користење допинг, па оваа афера сега добива нова епизода и ќе мора да биде „чешлана“ и од страна највисокиот суд. Судот за спортска арбитража ...
Светската допинг агенција (ВАДА) денеска објави дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во која ќе побара двегодишна суспензија за Јаник Синер. Синер ќе потсетиме беше позитивен на допигн тест на Индијан Велс, но целата вина во тој случај се префрли на неговите физиотерапевти, па Италијанецотп омина без суспензија. По најавената жалба на ВАДА, Синер се огласи и со своја изјава во јавноста. „Не можеме да ги контролираме сите работи, ...