Нерешениот резултат во Скопје против Јагјелонија од Полска ја остави Шкендија во трка за место во плејофот од Конференциската лига, а бодот донесе и нова финансиска инјекција за клубот и нови поени за рејтингот на македонската лига во Европа. Секунди ја делеа Шкендија од победа, триумф кој ќе значеше уште повеќе пари за клубот и повеќе поени за Македонија на листата на УЕФА. Вака Шкендија треба да се задоволи со нови 130.000 евра, а Македонија ...
Неколку секунди фалеа за Шкендија да донесе нова радост во европските купови. Синоќа на арената „Тодор Проески“ во Скопје, македонскиот првак одигра нерешено 1:1 против Јагиелонија од Полска, во рамките од третото коло во Конференциската лига на УЕФА. Шкендија водеше со 1:0, но прими гол во 90+10 минута, па на крајот освои само еден бод, но и така останува во трка за пласман во нокаут фазата. Тоа што втор меч по ред на кој Шкендија е домаќин во ...

