Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас, кој е фан на Реал Мадрид, го погоди резултатот, но и стрелците кои ќе ги постигнат головите за Кралевите против Барселона. Тој прогнозираше дека Реал ќе слави со 2-1. „Прогноза? Мислам дека Реал ќе победи со 2-1. Головите ќе ги дадат Килијан и Џуд. На крајот, големата битка меѓу Реал и Барса се сведе токму на прогнозата на Карлос Алкарас. Реал победи со 2-1, а стрелци беа Килијан Мбапе и Џуд Белингам. 🗣️ ...

Карлос Алкарас е познат како голем фан на Реал Мадрид и често знае да се појави и на „Сантијаго Бернабеу“, но во ситуација кога се подготвува за Мастерсот во Париз, Шпанецот не беше дел од најновото „Ел Класико“ дерби. Светскиот рекет број еден вчера сигурно се израдува на големата победа која ја оствари тимот на Чаби Алонсо, меѓутоа на социјалните мрежи посебен хит е неговата најава која беше речиси перфектна. Алкарас посочи дека очекува тежок ...