Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болницата во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р.. Како што соопшти МВР, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. синоќа во 22.25 часот во Сретеново. Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди ...

Основното јавно обвинителство од Гевгелија отвори истрага за убиството кај Стар Дојран каде пред три ден по тепачка почина маж од Богданци. Според доказите во истрагата, осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла го убил Никола Тимев, со кого како што се наведува, претходно биле пријатели и заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент почнале да се караат и да се ...