Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани, рече Филипче, граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаме сите политички партии. Во однос на лидерската средба рече дека уште денеска или утре ќе побара состанок со премиерот Христијан Мицкоски, согласно агендите, да се организира таа ...
Лидерот на опозицијата Венко Филипче средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Владата ја оцени како конструктивна. Премиерот побарал од Филипче да се потруди да биде конструктивен фактор во определбата за промени, реформи и напредок. Партиите договорија работни групи за спроведување на реформската агенда во правосудството, а ќе продолжат да работат и во енергетскиот и здравствениот сектор. Во меѓувреме ќе се разработи методологијата на ...