Три децении после атентатот на Киро Глигоров, истрагата односно операција „Автомобил“ се уште е отворена, а тој настан не е расветлен ниту пак се откриени атентаторите. Во вечерашното издание на КОД, нови сведочења за тоа дека лик на познат криминалец од Србија се поклопува со ликот од фото роботот на единствениот познат учесник во атентатот- купувач на автомобилот „Aми 8“ кој е преправен во пеколна бомба и експлодираше на 3-ти октомври 1995-та ...

Три децении потоа. Атентат кој не успеа,но Македонија уште ги живее раните на случајот кој се уште е отворена истрага. Додека мерцедесот во кој беше претседателот Глигоров стои распарчен од бомбара во гаража на МВР, КОД открива нови моменти кои не беа расветлени- имало и трет фото робот за осомничен за учество во атентатот кој никогаш не бил објавен. Соговорниците на КОД со свои сознанија и анализи за можните учесници во атентатот. Еден е познат ...