Два месеци без победа, со само три бода на осум натпревари и заковани на дното од табелата каде Работнички е само пред отпишаното Шкупи. Двата шампионски тима имаат многу нешта заеднички околу лицата кои ги уништија но тука пред се во фокусот е „залутаниот“ стратег Ердем Алпарслан. Турскиот тренер прво го „суреди“ Шкупи а еве по денешниот пораз од Башкими во Куманово (2:1), истото му го направи и на Работнички. Но, што е виновен тренерот кога ...
По се она што се случуваше во изминатите нешто повеќе од два месеци, по катастрофалните резултати и игри на Работнички, и редно беше. Имено како што дознаваме, Алпарслан Ердем по поразот од Башкими денеска, си поднел оставка. Затоа велиме дека и редно беше. По ова јасно е дека Работнички ќе мора да бара друг тренер, ама кој и да дојде секако ќе биде подобар од Ердем, кој прво се “прослави“ во Шкупи, а потоа и во Работнички каде беше стратег од ...

