Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието во НБА лигата, водејќи го својот тим Денвер Нагетс до нова победа, овојпат над Сакраменто Кингс со резултат 130-124. Двократниот МВП одигра маестрален натпревар, постигнувајќи 34 поени, најмногу за него во тековната сезона, на кои додаде 14 асистенции и 7 скокови. Иако овојпат не стигна до нов „трипл-дабл“, Јокиќ го продолжи својот импресивен низ од најмалку дабл-дабл учинок ...

Кошаркарите на Денвер нагетс се вратија на победите во НБА лигата откако синоќа ја оправдаа фаворитската улога на домашен терен против Сакраменто кингс славејќи со 130-124. Повторно најдобар поединец во таборот на тимот од Колорадо беше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 34 поени, седум скока и 14 асистенции. Кај поразените Расел Вестбрук постигна 26 поени.  Ла лејкерс победува и без Лука Дончиќ откако славеше на гостувањето кај Портланд со ...

Никола Јокиќ на претходниот меч ја прекина серијата од четири трипл-дабли на стартот на сезоната, па иако и рано утрово не стигна до таков учинок, сепак ја продолжи низата од дабл-дабл на сите шест натпревари кои ги одигра. Српскиот кошаркар рано утрово беше нерешлива енигма за „кралевите“, а тоа значеше дека Сакраменто мора да се помири со пораз во Колорадо изразен со резултат 130:124. Јокиќ беше убедливо најдобар и предводник на својот тим со ...