Македонскиот автор Коста Петров вечерва ја промовираше својата осма книга „Гласот во твојата глава“, која ја опиша како „дело за најтешката битка што човекот ја води, а тоа е битката со самиот себе“. Препорачано -Оваа книга не е инспирирана од траума, ниту од нешто што ми се случило во животот. Всушност, решив да ја пишувам минатото лето, кога читав една книга во која се опишуваа ефектите на гласот во главата, односно што тој ни прави. И ...

„Гласот во твојата глава“ е интимна и искрена приказна за најтешката битка што сите ја водиме – битката со самите себе., рече Петров на промоција на својата книга. Таа зборува за внатрешниот глас што нè тера да се сомневаме во себе, што нè потсетува на минатите грешки и што често ни ја одзема храброста да чекориме напред. Но, наместо да го игнорира, Петров го прифаќа тој глас, го анализира, му дава лик и му дозволува да проговори – за првпат, ...