Изгор цени за сместување во Охрид за престојните новогодишни празници. Според она што може да се види на специјализираните страни за резeрвации за туристички патувања, цените се движат од 100 до 520 евра, за две вечери за двајца возрасни, во зависност од понудата и местоположбата на објектот. Во Струга цените се поевтини во однос на оние во Охрид. Но од хотелската асоцијација велат дека цените за еднодневен аранжман се движат од 70 до 100 евра ...
Охрид е целосно резервиран за прославата на Нова година. Во приватното сместување веќе се бара место повеќе, одлична исполнетост имаат и хотелите на ривиерата. Цената за ноќевања се движи од 60 до 100 евра од ноќ зависно од локацијата на објектот. Прославата во ресторан чини од 50 до 80 евра, угостителите нудат најчесто празнично мени со жива музика. Хотелите пак нудат празнични пакети кои вклучуваат дочек со жива музика, со две или три ноќевања ...