Реал Мадрид летото 2024 година го купи Ендрик од Палмеираш за 50 милиони евра и беше најавуван како новиот Роналдо Назарио, но младиот Бразилец не е ниту бледа сенка на славниот напаѓач. Ендрик веќе пет месеци нема одиграно ниту минута за Реал Мадрид, а по враќањето од повредата, „кралевите“ одиграа шест меча, а Бразилецот сите ги гледаше од клупата за резервни играчи. Фудбалерот веќе донел одлука и сака уште во јануари да си замине од Реал ...

Средбата на Реал Мадрид и Јувентус од Лигата на шампионите може да биде искористена и за разговори на двата клуба за евентуална позајмица на младиот бразилски напаѓач Ендрик во јануарскиот преоден рок. Ендрик уште нема одиграно ниту една минута сезонава, тој е трета опција во нападот на Реал после Килијан Мбапе и Гонзало Гарсија, а очајно му е потребна минутажа, за да се наметне кај селекторот Карло Анчелоти. За Ендрик би било трагедија ако не ...