Десетици пораки деновиве пристигнаа до редакцијата на Инфомакс во врска со доцнењето со исплатата на надоместокот за породилно отсуство. Во пораките кои ги добивме граѓаните велат дека секој месец се доцни со исплата, дека никој во Фондот за здравствено осигурување не одговара на нивните прашања и повици. Од Фондот за Инфомакс велат дека исплатите се реализираат помеѓу десетти и дваесетти секој месец, односно не се работи за задоцнување туку ...

Бројни мајки кои имаат новороденчиња деновиве се вознемирени поради тоа што единствениот приход од кој зависи како ќе ги опскрбат домашните трошоци и потребите за своите бебиња – не им се исплаќа на време. Надоместокот за породилно отсуство за мајките во земјава, според десетина од нив кои што се пожалија во нашата редакција, доцни. Доцнењето се случува во услови на поскапени производи, пелени, бебешка храна, адаптирано млеко и потреби кои не ...