Просто е застрашувачки како бугарската политика делува синхронизирано, без оглед на темата кога се работи за Македонија. Речиси во истовреме кога се потпиша договорот за заедничка изградба на тунелот од железничкото поврзување со Бугарија и се одржа уште една неуспешна средба на историчарите од заедничката комисија за историски и образовни прашања, се испалија нови отровни стрели од главната асимилаторска алатка на официјална Софија, ...
„Нападот врз мене е резултат на веќе долгогодишната нетрпеливост кон Бугарите во РС Македонија. Таа нетрпеливост зеде врв во последните 15-тина години.“ Со овие зборови познатиот публицист и македонски Бугарин, Владимир Перев, го коментираше пред бугарските новинари нападот што се случи врз самиот него во петокот навечер, јавува Трибуна. За бугарските колеги Перев истакнува дека не го познава напаѓачот и дека никогаш претходно не го видел. Тој ...

