Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја запишаа седмата победа во низа во НБА лигата, овојпат на домашен терен против Њу Орлеанс Пеликанс (133-121). Ова за тимот од Калифорнија беше вкупно петнаесетто славје со кое се наоѓаат на втората позиција на Западот. До победата Лејкерси ги водеше младото дуо Лука Дончиќ и Остин Ривс. Словенецот го заврши мечот со 34 поени и 12 скока, додека Американецот уфрли 33, а подели и осум асистенции. Во таборот на ...

Екипата на Лос Анџелес лејкерс славеше над Њу Орлеанс пеликанс со 133:121 во арената „Крипто“ благодарение на уште една маестрална партија на Лука Дончиќ. Словенецот помина 35 минути на теренот и за тоа време постигна 34 поени, 12 скока и 7 асистенции. Тој доби поддршка од Остин Ривс, кој постигна 33 поени, а Деандре Ајтон запиша дабл-дабл со 22 поени и 12 скока. Брајс Мекговенс беше првото име за Пеликанс со 23 украдени топки. Беј додаде 22, а ...

Лука Дончиќ изгледа како играч кој игра во животна форма од стартот на сезоната, но истото важи и за Остин Ривс кој се обидува да го следи Словенецот во чекор на речиси секој натпревар. Овој двоец е најзаслужен за позитивната серија на резултати која ја имаат „езерџиите“ во оваа фаза од сезоната, а истата достигна седум победи во низа по триумфот кој беше остварен над Њу Орлеанс. Лејкерси победија со 133:121 на натпревар на кој повторно блескаа ...