По повод денешниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски упати празнична честитка. „Писменоста е основната алатка преку која се создаваат успешни генерации, творци на едно прогресивно општество во кое знаењето и интелектуалната моќ се двигатели на напредокот. Само преку учењето и ширењето на просветителската дејност, можеме да го сочуваме сопствениот идентитет, јазик и култура и преку нив ...

Традиционално како и изминатите години македонската заедница во Србија и годинава го одбелжа 24 мај-Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Како што јави дописникот на МИА од Белград, пред споменик на Св.Кирил и Методиј кој е подарок на академскиот вајар Томе Серафимовски на градот Белград, венци положија македонскиот амбасадор Никола Тупанчески заедно со српските власти и амбасадорите на Словачка, Украина, Бугарија и на ЕУ, ...