Секако дека по победата над Шелбурн фудбалерите на Шкендија во пресрет на утрешниот меч со Јагиелонија, во рамките на 3.коло во Лигарта на Конференции, едноставно “пукаат“ од самодоверба. И на нив им е јасно дела послскиот тим и тоа како треба да се респектира и почитува, сепак тие имаат верба во себе и во своите квалитети. Денеска на пресот свој коментар, во пресрет на утрешниот меч со Јагиелонија, даде играчот за врска, Арбин Зејнулаи: ...

Шкендија – Јагиелонија вечерва од 21 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Ова е натпревар од 3.коло во Лигата на Конференции, ова е шанса за Шкендија да дојде до нов европски подвиг во лигашката фаза. Јасно е дека полскиот тим е далеку поквалитетен состав од Шелбурн, тим кој беше совладан пред две недели исто на Арената во Скопје, но и на тој меч Шкендија покажа како треба и покажа дека знае и тоа како добро да одигра во Европа, пред се ...