Ноќеска, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но, сликата утрово не ја оправда најавата од Град Скопје. Автобуси немаше и тоа и на подолгите релации кои го поврзуваат едниот со другиот крај на главниот град. Граѓаните реагираат дека повеќе од 40 минути се чекало на „5-ка“ или „15-ка“. Според информациите ЈСП се уште е без нафта. ...

Во раните утрински часови пристигнале цистерните со нафта за автобусите на ЈСП, откако за време на викендот имаше прекин во испораката на гориво во автобазите. Од Независниот синдикат на ЈСП за ТВ 24 велат дека за денес се покриени со нафта, но не знаат колку време таа ќе трае, очекуваат одговори од состанокот помеѓу раководството на ЈСП и градоначалничката на Скопје, за кој што се уште нема детали. Иако од Градот велат дека денес има гориво за ...