Репрезентацијата на Алжир е 20-тиот учесник на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, но по победата над Сомалија и официјалнизирањето на учеството, нивниот најдобар фудбалер, Ријад Марез, најави дека по завршувањето на Мундијалот заминува во фудбалска пензија. „Ова ќе биде последното Светско првенство за мене. Не сум Кристијано Роналдо. Ќе го дадам најдоброто од себе за да направиме што е можно подобар резултат на Мундијалот. ...

Ријад Марез уште еднаш ги импресионираше алжирските фудбалски фанови и помогна неговата репрезентација да обезбеди директен пласман на СП кое ќе се игра следната година. Алжирците го потврдија првото место во групата со гостинската победа над Сомалија, во која Марез постигна еден гол и имаше една асистенција. По натпреварот и во пресрет на последното коло од квалификациите, Марез потенцирал дека ова ќе биде последен мундијал во неговата кариера, ...