Барселона одигра далеку под своето ниво на „Сигнал Идуна парк“ и на стартот на вториот дел им отвори некои лоши спомени на своите навивачи, но среќна околност по примениот гол за 2:0 беше тоа што набрзо Борусија си постигна автогол. Погодокот за 2:1 го донесе потребниот мир во најлошата ноќ за Барселона од стартот на 2025-та година, па иако севкупно каталонците се покажаа како подобар тим од Борусија, расипаниот впечаток на вториот натпревар се ...

Фудбалерите на Барселона го доживеаја првиот пораз во 2025 година, но и покрај тоа веќе се во полуфиналето од Лигата на шампионите. Борусија Дортмунд одигра одлично и заслужено победи со 3-1, а тоа го признава и Ханси Флик. „Ние сме во полуфиналето. Ако ги погледнеме двата меча заедно, мислам дека заслужено сме во следната фаза. Борусија е одличен тим и ни направи големи проблеми, но ние одиме понатаму и само тоа е важно. Ова не беше нашиот ...