Општата болница во Охрид, која опслужува пациенти од целиот југозападен регион, се соочува со недостиг на медицински кадар – проблем што трае со години. Недостигаат околу 80 медицински работници од различни сектори,но засега состојбата добро се менаџира. Во меѓувреме во болницата веќе се спроведуваат и дел од најавените промени – реновирање на одделенија, нова опрема и план за зголемување на бројот на вработени.Охридските медицинари порачуваат – ...

Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за можноста да бидеме денес тука, да им се заблагодарам на здравствените работници коишто се дел од оваа клиника што работеле и имале трпение во услови коишто биле такви какви што биле, да бидам попрецизен- никакви, рече премиерот Мицкоски при денешната посета на Клиниката за трауматологија. Она што ние планираме да го правиме во здравството после завршувањето на локалните избори, ќе бидат озбилни, ...

Здравствените работници низ цела Европа се соочуваат со сериозна криза со менталното здравје, при што еден од тројца лекари и медицински сестри страдаат од депресија, додека еден од десет размислувал за самоубиство, покажува ново истражување на Светската здравствена организација (СЗО). Еден од тројца лекари и медицински сестри во Европа страдаат од депресија, а еден од десет има пасивни самоубиствени мисли, покажува ново истражување на Светската ...