Целосно е реконструирана улицата „21“ во Радишани, во должина од 450 метри. Локалната самоуправа обезбеди дополнителни паркинг-места и го исполни барањето на жителите на улица „21“, во населеното место Расадник. Покрај тоа, наскоро ќе започне реконструкција на улиците „Бутелска 2”, „Ангел Мојсковски”, „Александар Грличков” и „Љубинка Басотова”. Локалната самоуправа реализира проекти за подобрување на патната инфраструктура во сите населени места ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска сподели дека во тек се градежните работи за реконструкција на улица „30“ во местото Плац во населба Илинден и дека безбедна и квалитетна сообраќајна инфраструктура се негов врвен приоритет. „Денес извршив увид во градежните работи и текот на реконструкцијата на оваа улица, каде се санираат оштетувањата направени при изградбата на примарната мрежа од фекална канализација на овој ...

