Работнички во завршницата од првиот дел со голот на Демир Имери и еден автогол на домаќините дојде до водство од 2-0, Арсими намали на 2-1 во 69. минута, а за бод се погрижи Албан Таипи во 84. минута од средбата. Македонија Ѓорче Петров на свој терен одигра 1-1 против Башкими во натпревар во кој не видовме премногу прилики, но и двете екипи имаа свои шанси. Башкими прв дојде до водство со погодокот на Аворнио на стартот од вториот дел, додека ...
Два натпревари во кои немаше победник го отворија 11-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Арсими и Работнички ги поделија бодовите по возбудливо реми во натпревар во кој двата тима постигнаа по два погодоци. Средбата донесе динамична игра, многу возбудувања и четири гола. Натпреварот започна со офанзивен ритам од двете страни. Во 7-та минута, Бешагиќ и Шефити комбинираа убаво, но ударот на Шефити заврши над пречката. Работнички ја имаше ...

