По вчерашните поплави од Кочанска Река и каналската мрежа, водата денеска се повлекува од дворовите, приземните простории и подрумите во селата Облешево, Чешиново, Спанчево и Чифлик. Бунарите на многу домаќинства се загадени од атмосферски и отпадни води, па жителите соочени со недостиг од питка вода. Градоначалникот Јорданчо Костадинов најави дезинфекција на поплавените места и ангажирање механизација за чистење на коритото на Кочанска Река. ...

Не е прв пат, со секои врнежи се соочуваме со поплави. Со години апелираме Водостопанство Брегалница да ги одржува одводните канали, но резултатот го гледате – велат жителите на село Облешево Од саботата жителите на Облешево немаат исправна вода за пиење, со Црвен Крст се врши достава на питка вода, вели градоначалникот на Чешиново-Облешево. Деновиве ќе се врши дезинфекција на зафатените објекти, а со механизација на „Бехтел и Енка“ ќе се чистат ...