На стартот од вториот дел на дербито во Тетово, поточно во 48. минута беше досуден пенал за Вардар. По изведен корнер од десната страна, Алхасан играше со рака, а судијата Трпчевски веднаш покажа на белата точка. ВАР го потврди пеналот, по што Вардар доби голема шанса да дојде до водство, и ја искористи. Бабунски шутираше по средината на голот, и го совлада Гаје за предност на скопскиот тим во Тетово и молк на трибините на стадионот. Крадењето ...
Вардар извојува попладнево победа на гостински терен над тетовска Шкендија со 1-0 (0-0) во завршниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Стрелец на единствениот гол беше Бабунски од пенал во 49 минута, откако Алхасан играше со рака во шеснаесетникот на Шкендија. Вреди да се напомене дека Шкендија постигна гол преку Ибраими за 1:1, но овој гол беше поништен поради офсајд, по реакцијата од ВАР собата. Со трите бодови ...

