Рафиња ја игра најдобрата сезона во кариерата, а извонредната голгетерска серија на Бразилецот продолжи и на синоќешниот дуел од четвртфиналето на ЛШ против Борусија Дортмунд. Големиот ас го отвори резултатот во првото полувреме, најавувајќи ја убедливата победа од 4-0 на каталонскиот гигант, погодок со кој Рафиња уште повеќе се приближи на рекордот на Лео Меси за најмногу голови во една сезона во ЛШ од страна на фудбалер на Барселона. ...
Легендарниот Роберт Левандовски уште еднаш ја потврди својата класа и постигна два гола на натпреварот против Борусија Дортмунд, во кој каталонскиот гигант славеше со 4-0 и практично со едната нога е во полуфиналето од Лигата на шампионите. Со овие погодоци Полјакот стигна до бројката од 105 голови и останува само трет фудбалер со повеќе од сто погодоци во елитното натпреварување, веднаш зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Само ова славно трио ...