Плоштадот посветен на Јосип Броз Тито во Велење, Словенија, утрово осамна со обезглавен споменикот. Непознат сторител синоќа ја одвоил главата од статуата висока повеќе од 6 метри, а локалната полиција брзо го решила случајот. Осомничен е 49-годишен жител на областа Велење. Полицијата ја пронашла бронзената глава во багажникот на неговата „Шкода Кодијак“, возило со две различни хрватски регистарски таблички. Сведок пријавил дека видел човек како ...

Маж во словенечкиот град Велење ја обезглавил статуата на Јосип Броз Тито во текот на ноќта, објави РТВ Словенија. Препорачано „Го осудуваме вандализмот што беше извршен ноќе на Титовиот плоштад во Велење, каде што сторителот го оштети споменикот на Тито и му ја отстрани главата“, објави градската администрација на Велење. Тие најавија дека што е можно поскоро ќе ја санираат штетата на 6-метарската статуа од познатиот скулптор Антун Аугустинчиќ ...