Македонската кошаркарска репрезентација во ноември ќе ги стартува претквалификациите за Евробаскет 2029 со домашен дуел против Азербејџан, меч на кој нашиот национален тим ќе ја има фаворитската улога. Сепак, противникот реши да се мобилизира во пресрет на овој претквалификациски циклус, па Азербејџан реши да ангажира нов натурализиран кошаркар кој би помогнал во дуелите со Македонија, Ирска и со Луксембург. Весли Дејвид ван Бек ја комплетираше ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс, Крег Белами, го објави списокот со 26 фудбалери за последните два натпревара од квалификациите за Светското првенство 2026, во кои неговиот тим ќе се соочи со Лихтенштајн на гостински терен и Македонија на домашен терен. Белами повторно се соочи со сериозни кадровски проблеми, бидејќи капитенот Арон Ремзи повторно е надвор од тимот поради повреда, што значи дека нема да настапи против Македонија. ...