Единицата за интервентна полиција денеска одбележа пет години од формирањето. Во 2019 година единицата беше формирана со спојување на единиците – за јавен ред и мир, за асистенции и спровод и на „алфите“. Единицата за интервентна полиција е поддршка и на другите организациони единици во рамки на СВР Скопје, а еден од приоритетите во нејзиното функционирање е континуираната обука и едукација на нејзините припадници, во насока на воспоставување на ...

Тоа министерот Тошковски го нагласи денеска во своето обраќање по повод одбележувањето на јубилејот- пет години од формирањето на Единицата за интервентна полиција, што се одржа во седиштето на оваа организациона единица при СВР Скопје во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје. Нагласувајќи го уверувањето дека ЕИП како високообучена формација ќе продолжи да се надградува и да еволуира, со цел да одговори на новите предизвици на безбедноста кои ги ...