Фудбалерите на Струга ќе го дочекаат Пелистер во рамките на 26. коло на ПМФЛ. Јубилеен дваесетти меч против битолчани ќе одигра Марјан Радески. Напаѓачот на стружани го најави дуелот против пелистерци со високи амбиции. „Имаме проблем да постигнеме погодоци, тоа е повеќе од јасно. Сите сакаме да даваме голови и да достигнеме големи резултати, ама некогаш работите не одат според плановите. Верувам дека најважниот дел од сезоната е пред нас, секој ...

ТФТ – Пелистер 79:67 Кошаркарите на Пелистер од Битола не успеаја триумфално да го завршат регуларниот дел од сезоната, откако во рамките од последното коло загубија на гостувањето против ФТФ со 79-67. „Зелено-белите“ одиграа под своите можности, му дозволија на противникот да ги диктира темпото и резултатот, но нема сомнеж дека тренерот Трајковиќ и неговите избраници ќе извлечат поуки од овој дуел пред претстојните предизвици во плејофот. ...

ТФТ со убедлива игра успеа да ги разреши сите нејасноти околу позицијата што ја заземаат на турнирската листа пред стартот на плејофите, откако со резултатот 79-67 го совладаа Пелистер пред своите навивачи. Зек Браун беше клучниот играч на мечот со остварени 23 поени и 7 скока, додека Зафиров придонесе со 12 поени и 9 скока. Од страна на Пелистер, Антоан и Стајиќ, секој со по 14 поени, беа предводници на тимот, кој ќе се бори во четвртфиналето ...