Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе се судри со Азербејџан на стартот на претквалификациите за Евробаскетот кој ќе се одржи во 2029 година. За овој натпревар Кошаркарската федерација на Македонија одлучи да ги отвори вратите за публиката. Средбата се игра во СРЦ „Кале“, а влезот ќе биде слободен за сите љубители на кошарката. Мечот се игра в четврток во терминот од 19:00 часот. Време за одмор по овој дуел ќе нема, бидејќи Македонија ...
Во првиот натпревар од претквалификациите, селекцијата на Македонија стигна до сигурна и убедлива победа против Азербејџан. Пред домашната публика во СРЦ „Кале“, избраниците на селекторот Марјан Илиевски доминираа во сите сегменти на играта и најавија силен старт во групата „А“ на претквалификациите за Евробаскет 2029. Македонија одигра одлично прво полувреме, особено во одбраната. Во првите 20 минути им дозволивме на гостите само 21 поен, ...
Кошаркарската репрезенатција на Македонија со убедлива и моќна победа над Азербејџан (87-49) тргна во првиот филтер квалификации за Европското првенство во 2029 година. Избраниците на Марјан Илиевски предводени од „засилувањето“ Андреј Јакимовски, искусниот Војдан Стојановски и Лејсон Зеќири перфектно го отворија циклусот. На стартот на средбата во елемент беше Јакимовски кој постигна набрзина седум поени, а првпат за Македонија поентираше ...

