Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” викендов ја имаше својата светска премиера на 57. издание на Фантастик филм фестивал во шпанскиот град Ситџес, еден од најголемите и најстари жанровски фестивали во светот. Филмот, чиј режисер и сценарист е Гоце Цветановски, беше прикажан во фамилијарната секција, а ќе има уште една проекција на фестивалот, на 11 октомври. Од 1 ноември ќе се прикажува во киносалите низ ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” ја имаше својата светска премиера на 57-мото издание на „Ситџес фантастик филм фестивал“. Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио” беше прикажан во фамилијарната секција. Режисерот Цветановски инфомора дека на премиерата имал кусо обраќање, при што на шпански јазик им кажал на децата во публиката дека се првите во светот ...