Пелистер не успеа да дојде до посакуваното изненадување против актуелниот првак во Лигата на шампиони. Магдебург без мака дојде до нови бодови, откако славеше со 26-31 во меч од деветото коло и ја продолжи својата перфекција. Има девет победи во исто толку натпревари. За Пелистер ова беше седми пораз, има и две победи. Митревски имаше 11 одбрани, младиот Брестовац една, Радивојевиќ и Манасков со пет гола беа први стрелци. Јенсен имаше шест ...

Европскиот ракометен шампион Магдебург го совлада Еурофарм Пелистер со 31:26, во натпревар кој брзо ќе се заборави. Во дуелот од кој се очекуваа ракометни мајстории и атрактивни моменти, за жал надвладеа германската рутина и победа заради победа, доволна за бодовите да заминат во Магдебург. Гостите во текот на целиот натпревар беа во водство со 3 до 6 голови предност и со сè чини непотребна привилегираност од словачките судии Мандак и Рудински. ...