И покрај најавите, за време на самитот на ОБСЕ во Скопје на крајот од месецов нема да се сретнат државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Вашингтон не побарал средба и „нема да има средба“, го цитира агенцијата рускиот заменик-шеф на дипломатијата Сергеј Рјабков. Претходно, Лавров порача дека ќе присуствува на Министерскиот совет на ...
Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан вчера потврди дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ги претставува САД на состанокот на ОБСЕ во Скопје. Министерот за надворешни работи Бујар Османи уште минатата недела најави дека Блинкен ќе присуствува на неформалната вечера на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, која на 29-ти ноември ќе биде приредена во скопски хотел. Но, со оглед на тогашните ...