Во текот на утрешниот ден, се очекува да бидат испратени до македонското Собрание имињата на новите членови на Владата, по што би започнала процедурата за нивни избор. Ова денеска го најави македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, објаснувајќи дека разговорите со партнерската коалиција Вреди се прикрај, односно дека требало за завршат уште синоќа. – Финишираат разговорите и очекувам во текот на утрешниот ден да ги доставам имињата до ...

Секој во владината коалиција останува со ист број на ресори појасни Мицкоски, посочувајќи дека нема да има министер плус за никој од партнерите. За сега во оптек се неколку кандидати кои ќе го пополнат испразнетото вицепремиерско место и она за животна средина. Се споменуваат имињата на Беким Сали, но и Мухамет Хоџа. Шефот на Владата директно не ги посочи, но не се исклучува можноста за внатрешна рокада од министерство во министерство. Премногу ...