Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, одигра без голови против селекцијата на Летонија во пријателски меч, кој треба да биде „загревање“ за она кое следува во вторник и клучниот дуел во квалификациите против Велс во Кардиф. Избраниците на Благоја Милевски и покрај неколкуте шанси, сепак не успеаја да го најдат патот до мрежата на Летонците, кои во своите редови го имаа расположениот голман ...

Со една промена во играчкиот состав ќе биде нашиот женскиот сениорски национален тим за наредниот натпревар од квалификациите за Евробаскетот против селекцијата на Грција. Со оглед на „структурата“ на наредниот противник, селекторот Александар Ашаданов се одлучи за една малку, поинаква, односно повисока формација. Во финалните 12, Ашаданов ја стави Теа Трајковска, која ќе треба да биде во онаа внатрешна линија во нашата селекција во која се ...