Макс Ферстапен веќе подолго време го нема најдобриот болид во Формула 1, но четирикратниот светски шампион и натаму е возачот кој прикажува убедливо најдобри перформанси. Потврда за тоа се и денешните квалификации за Големата награда на Јапонија, кои на крајот кулминираа со неверојатна драма во завршните моменти. Ферстапен успеа да му ја „украде“ пол позицијата на Ландо Норис и беше побрз за само 0,012 секунди во својот последен чудесен обид, а ...

Возејќи од пол-позицијата, Ферстапен ја освои четвртата последователна победа на легендарната патека во Сузука, со само 1.4 секунди предност пред Норис, а Пијастри заврши трет, седум десетинки зад својот тимски колега. Клучниот момент на трката се случи во 22. круг, кога Ферстапен и Норис истовремено влегоа во боксот. При излезот, двата болиди беа речиси израмнети, но Норис мораше да вози по тревникот. Тој изјави дека бил “истиснат”, но ...