Не е важен полот на градоначалникот на Скопје, вели Каја Шукова, туку што може тој да направи, што носи во себе и колку може да сработи за да биде градот подобар и почист. Смета дека има доволно компетенции за да го стори тоа Таа има кариера прво во приватниот сектор, а потоа во Министерството за животна средина, каде во еден период беше и министерка. Сега, повторно е службеничка во ресорот што го раководеше Родена и израсната во Скопје. ...
На вчерашното гласање во првиот круг од локалните избори, според првичните неофицијални резултати, избрани се градоначалници во неколку општини во земјата. Во десетте скопски општини, некои градоначалници се веќе познати, додека во други ќе има втор круг на 2 ноември. Препорачано Според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, во повеќето скопски општини обработени се 100 отсто од избирачките места, а кај четири ...
Орце Ѓорѓиевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Амар Мециновиќ од Левица ќе се соочат во вториот круг од изборите за градоначалник на Град Скопје, кој ќе се одржи на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, по обработени 99,92% од гласачките места, Ѓорѓиевски освои 39,43% од гласовите (91.582 гласа), додека Мециновиќ доби поддршка од 13,20% гласачи (30.659 гласа). „Продолжуваме во наредните две ...
ВМРО-ДПМНЕ во водство со 36,62 отсто од гласовите Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ, ќе се соочат во вториот круг од локалните избори, кој ќе се одржи на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, од обработени 91 отсто од гласовите, Ѓорѓиевски води со 36,62 проценти, односно 82.155 гласови. Левица ја освојува втората позиција Амар Мециновиќ од Левица моментално ...

