Стратегот на Јагиелонија, Адријан Сиемиениец, ги предупреди своите избраници дека ги очекува жестока битка доколку сакаат да стигнат до победа над Шкендија и да направат уште еден чекор напред кон нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА. Полскиот тим има четири бода по првите две рунди, како благ фаворит допатува во Скопје, но 33-годишниот стратег е свесен дека нема да биде нималку лесно да се стигне до цел плен, за што е неопходна ...

Јагјелонија со гол во стотата минута извлече реми против Шкендија (1-1) во натпреварот од третата рунда на Конференциската лига на УЕФА. Полскиот гостин беше во подредена улога и ремито за нив треба да е позитивно. По натпреварот на средбата со новинарите свој коментар за натпреварот даде тренерот Адриан Симинец, кој кажа: „Првично честитки за играта до Шкендија. Би сакал да кажам дека ова не беше вистинскиот наш лик, не се подготвувавме за да ...