Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 октомври. Денеска е Св. маченик Нестор. Ова момче живееше во Солун во времето на страдањата на свети Димитриј. Од него и се научи на Христовата вера. Во тоа време во Солун имаше некој гладијатор Лиј, миленик на цезарот Максимијан, кој секој ден повикуваше некого на мегдан и откако ќе го победеше во борење, го фрлаше да се надене на исправени копја. Сето тоа ги веселеше грубите римски ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 октомври. Денеска е Св. маченици Зиновиј и Зиновија. Потекнуваа од градот Егеј во Киликија, во југоисточниот дел на Мала Азија. Богатството, што го наследија од родителите, го раздадоа на сиромасите и преку милостињата ги исчистија срцата и станаа слични на Бога. На Зиновиј Бог му даде дар да чудотвори, односно да ги лечи сите болести само преку допир со раката. Подоцна стана епископ ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 октомври. Денеска е Преподобна маченичка Анастасија Римјанка и св. мач. Кирил. Света Анастасија се роди во Рим од благочестиви родители. На тригодишна возраст остана сираче и ја прибра еден манастир, во кој игуманија беше некоја Софија. Поминаа 17 години и света Анастасија се прочу меѓу христијаните по доблесниот живот, а меѓу паганите по убавината. Кога тогашниот градоначалник слушна ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 октомври. Денеска е Св. маченик Терентиј и маченичка Параскева. Свети Терентиј беше Сириец. Беше женет и имаше седум деца. После многу маки пострада за Христа, заедно со жената и сите свои деца. Истиов ден Црквата ја прославува и света маченичка Параскева од Иконија. По смртта на родителите, таа го раздаде целиот имот на сиромашните. За време на гонењето од страна на император ...

