Оваа седмица во домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција беа комплетирани натпреварите од 3. коло. Фаворитите без поголеми проблеми успеаја да остварат нови победи. Шампионот Струмица со максимален резултат го победи Работнички, убедлив беше и Штип УГД на домашен терен против Македонија Џио, а очекувани победи прокнижија и ГОК Борец и екипата на Универзитет во Тетово. Сушево успеа да го добие дуелот со Шкендија, додека Весна ...

Велешки Борец му го зададе првиот „удар“ на шампионот Струмица сезонава во Првата машка лига, откако славеше пред својата публика со 3:2 (25:18, 20:25, 19:25, 25:22, 15:10) во дербито на 4. коло. Во дуел со многу надмудрувања, пресврти и подеми и падови во двата табора велешкиот тим остана фокусиран кога беше најпотребно. Прво за да се врати од негатива од 1:2, а потоа во „тај-брејкот“ да се избори за комплетен пресврт и победа, која е прва по ...