Вечното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар секогаш привлекува дополнително внимание на ракометната сцена, а бидејќи со ова дерби ќе биде затворена натпрерувачката 2024-та година во Битола, македонскиот првак најави специјална хуманитарна акција за саботниот спектакл. Во текот на денешниот ден стана јасно дека билетите за големото дерби беа распродадени за само неколку минути, па покрај тоа што спектаклот е загарантиран на трибините и теренот, ...
РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2024 година против РК Вардар. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (сабота, 14 декември -18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот, – гласи пораката ...