Екипите на Пелистер и Македонија ЃП одиграа крајно возбудлив натпревар во Битола, кој заврши со по еден гол на двете страни и поделба на пленот. До водство први стигнаа гостите, со голот на Пецов во првиот дел, а во вториот на 1-1 израмни Булатовиќ. Во самиот финиш натпреварот во Битола беше во неколкуминутен прекин. Главниот судија Фатмир Бафто покажа на белата точка за домаќинот, но по долгите прегледи во ВАР собата беше повикан да ја прегледа ...

Вчерашното италијанско дерби меѓу Милан и Лацио заврши со голем хаос, во кој во главна улога беа судиите, односно одлуката поврзана со потенцијалниот пенал за гостите. Главниот судија доби порака од ВАР собата дека треба да ја прегледа снимката поради потенцијално играње со рака на Павловиќ, што би значело пенал за Лацио. По долгата анализа пред екранот, главниот судија Колу се обиде да ја објасни конечната одлука, за што заработи и одредени ...