Состојбата на теренот со пожарот во атарот на селото Буково и кон Стрежевскиот канал е стабилизирана, но и натаму постои опасност од негово ширење. Еден авион за гаснење на пожарите веќе е на пат кон Битола и наскоро, за 10-тина минути се очекува да ја испушти првата количина на вода на опожарената локација, што ќе биде од суштинска помош за локализација на пожарот кон селото Буково. Бидејќи станува збор за испуштање на водени бомби, апелираме ...

Утрово хрватскиот „Канадер“ дејствуваше врз пожарот кај Смолево во подножјето на Баба Планина. Претходно „Канадерот“ направи неколку кругови во мисија на извидување, а потоа и дејствуваше. Подоцна се вклучија и двата „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Според информацијата од Центарот за управување со кризи пожарот беше одалечен од НП,,Пелистер” околу 10 километри. Краткотрајните врнежи од дожд успеаа само делумно да им помогнат ...