Не мислел дека нешто ќе се случи, не мислел дека киднапирањата ќе прераснат во убиства, ама купувал лопати и копачи со Љупчо Палевски од пазар и копал дупки за да во нив бидат заложниците, произлегува од денешното сведочење на Влатко Кешишев еден од обвинетите за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. Заедно со него обвинети се Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски а за помагање е обвинет таткото на Вања Александар Ѓорчевски за ...

Иако на минатото рочиште пред два дена Љупчо Палевски Палчо беше отстранет од судницата поради голем страв на Влатко Кешишев од него, денеска четвртообвинетиот ќе мора да се соочи со првообвинетиот. Во Кривичниот суд во Скопје на ред е Палевски да го испрашува Кешишев за грабнувањата и убиствата на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. За свирепите злосторства извршени на 22 и на 27 ноември 2023 година ...

Обвинетиот Кешишев од страна на обвинителката Јосифовска беше прашан како разбрал дека убиеното девојче е Вања. Кога се вративме во штабот видов на Фејсбук за исчезнатото девојче. Го прашав што е ова? Не ми одговори ништо. Тогаш сфатив која е убиената. Но дури и тогаш не сакал да го предаде. Не сакав да го предадам, не ми беше јасно, се правдаше Кешишев. Обвинителката Стојковиќ го праша Кешишев дали се надевал на парите што Палевски им ги ...