Масовни демонстрации на улиците во Грузија. Полицијата се судри со демонстрантите и употреби водни топови за да ја растера толпата. Илјадници луѓе се собраа во главниот град Тбилиси, откако премиерот Иракли Кобахидзе објави дека ги запира преговорите за членство во Европска унија до 2028-ма година, по одлуката на Европскиот парламент да не ги признае резултатите од последните парламентарни избори, на кои победи проруската партија „Грузиски сон“. ...

Грузиската полиција употреби водени топови за да ги растера илјадниците демонстранти кои втор ден по ред се собираат во близина на парламентот во Тбилиси за да протестираат против одлуката на владата да ги прекине пристапните преговори со Европската унија. Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, жесток критичар на владејачката партија, ги осуди како што рече, „бруталните и непропорционални напади врз грузискиот народ и медиумите“, ...