„Во оваа прилика, Фондот им се заблагодарува на сите здравствени работници за трпението и апелира за понатамошна соработка, имајќи предвид дека техничките тимови работат постојано и секојдневно“, се наведува во соопштението. Премиерот Димитар Ковачески денеска изјави дека се ангажирани и компјутерски експерти од Германија за да се надмине проблемот што го направија хакери. Од Фондот велат дека ги користат сите расположливи капацитети и знаењата ...
Фондот за здравство ја известува јавноста дека во координација со јавните здравствени установи, се очекува потребната документација за исплата на плати да се прибере најдоцна до понеделник, а со цел што поскора исплата на платите на здравствените работници. Доколку сите ЈЗУ го исполнат овој рок, согласно протоколот за исплата на плати, иплатата се очекува да биде веќе наредна недела, стои во соопштението од Фондот за здравствено осигурување. ...